Политика за заштита на податоците
Групацијата Gerresheimer многу сериозно ги сфаќа заштитата и доверливоста на податоците и се придржува до одредбите од Регулативата на ЕУ за заштита на податоците (EU General Data Protection Regulation (Општата регулатива за заштита на податоци на ЕУ)), како и со тековните национални прописи за заштита на податоци. Пред да поднесете порака, внимателно прочитајте ги овие информаци за заштита на податоците.
Намерата и правната основа за системот за изнесување информации
Системот за изнесување информации (BKMS® System) служи за безбедно и доверливо добивање, обработка и управување со пораки кои се однесуваат на прекршување на правилата за усогласеност на групацијата Gerresheimer. Обработката на личните податоци во рамките на BKMS® System се заснова врз легитимниот интерес на нашата компанија да ja открие и спречи злоупотребaта на должноста и со тоа да се избегне штета по групацијата Gerresheimer, вработените и клиентите. Член 6 (1) (f) од Општата регулатива за заштита на податоци на ЕУ служи како правна основа за обработка на овие податоци.
Одговорен орган
Страната одговорна за заштита на податоците во системот на изнесување информации е
- Gerresheimer AG и
- со своите директни и индиректни филијали
како страни со заедничка автономна одговорност (во понатамошниот текст и: „Gerresheimer“). Со системот за изнесување информации раководи специјализирана компанија, EQS Group GmbH, Bayreuther Str. 35, 10789 Berlin во Германија, во името на Gerresheimer.
Личните податоци и информации внесени во системот за изнесување информации се чуваат во база на податоци со која раководи EQS Group GmbH со најголемо ниво на безбедност. Само Gerresheimer има пристап до овие податоци. EQS Group GmbH и останатите трети страни немаат пристап до податоците. Тоа е загарантирано со сертифицираната процедура преку сеопфатни технички и организациски мерки.
Сите податоци се чуваат шифрирани со повеќекратни нивоа на заштита на лозинката, така што пристапот е ограничен на многу мал број строго овластени лица во Gerresheimer.
Gerresheimer има назначено службено лице за заштита на податоците. Прашањата во врска со заштита на податоците може да ги испратите на data-protection@gerresheimer.com.
Вид лични податоци што се собираат
Системот за изнесување информации се користи доброволно. Ако поднесете порака преку системот на изнесување информации, се собираат следниве лични податоци и информации:
- вашето име, ако изберете да го откриете вашиот идентитет,
- дали сте вработени во Gerreesheimer, ако одлучите да го наведете ова во вашата порака, и
- имињата на лицата и другите лични податоци на лицата што ги именувате во вашата порака.
Доверливост при постапувањето со пораките
Пораките пристигаат кај мал број строго овластени и посебно обучени вработени лица во секторот за усогласеност и внатрешна ревизија на Gerresheimer AG и со нив секогаш се постапува доверливо. Вработените во секторот за усогласеност и внатрешна ревизија на Gerresheimer AG го проценуваат проблемот и спроведуваат евентуални дополнителни истраги, така како што е потребно според конкретниот случај.
При обработката на една порака или спроведувањето специјална истрага, може да биде потребно да се споделат пораките со други вработени во Gerresheimer AG или со вработените во другите компании од групацијата, на пример, ако пораките се однесуваат на инциденти во филијалите. Овие филијали може да се наоѓаат во земји надвор од Европската Унија и Европската Економска Област, каде што на сила се други регулативи за заштита на личните податоци. При споделување на пораките, секогаш осигуруваме дека се почитуваат регулативите за заштита на податоците што се на сила.
Сите лица што имаат пристап до податоците се обврзани да ја чуваат нивната доверливост.
Информации за обвинетото лице
Како основно начело Gerresheimer е законски обврзана да ги извести обвинетите лица дека сме добиле порака која се однесува на нив, освен ако тоа не ја попречува понатамошната истрага. Притоа, вашиот идентитет како свиркач не се открива колку што е тоа законски можно.
Правата на субјектите на податоците
Согласно Законот на ЕУ за заштита на податоците, вие и лицата именувани во пораката имате право на барање, исправка, бришење и ограничување на обработката и право на приговор за обработката на вашите лични податоци и податоците на тие лица. Ако се бара правото на приговор, веднаш ќе провериме до кој степен зачуваните податоци се сè уште неопходни за обработка на пораката. Податоците што веќе не се потребни се бришат веднаш. Исто така, имате право да поднесете жалба кај надзорните органи.
Период на чување на личните податоци
Личните податоци се чуваат онолку долго колку што е потребно за да се разјасни ситуацијата и да се евалуира пораката, или сè додека постои легитимен интерес кај компанијата, или пак ако тоа е потребно со закон. Откако ќе заврши обработката на пораката, податоците се бришат во согласност со законските барања.
Користење на системот на изнесување информации
Комуникацијата меѓу вашиот компјутер и системот на изнесување информации се одвива преку шифрирана врска (SSL). Вашата IP-адреса не се меморира додека го користите системот на изнесување информации. За да се одржи врската меѓу вашиот компјутер и BKMS® System, на вашиот компјутер се зачувува колаче, коешто ја содржи само идентификацијата на сесијата (се нарекува уште и „null-колаче“). Колачето важи само до крајот на вашата сесија и истекува кога ќе го затворите прелистувачот.
Можете да поставите поштенско сандаче во рамките на системот на изнесување информации, коешто е заштитено со индивидуално избран псевдоним/ корисничко име и лозинка. Така, безбедно може да испраќате пораки до одговорните вработени лица во Gerresheimer, анонимно или со вашето име. Информациите се чуваат само во системот на изнесување информации, што го прави особено безбеден. Тој не служи како замена за редовната комуникација преку е-пошта.
Забелешка во врска со испраќањето прилози
Кога поднесувате порака или дополнение, истовремено може да испратите и прилози до одговорните вработени лица во Gerresheimer. Ако изберете да поднесете анонимна порака, имајте ја предвид следнава политика за користење на личните податоци: Датотеките содржат сокриени лични податоци коишто можат да ја компромитираат вашата анонимност. Отстранете ги таквите податоци пред испраќањето. Ако не можете да ги отстраните овие податоци или не сте сигурни како да го направите тоа, ископирајте го текстот од прилогот во текстот на пораката или анонимно испратете го печатениот документ на адресата наведена во фуснотата наведувајќи го бројот на референца што сте го добиле на крајот од процесот на поднесување порака.